Гоце Атанасовски го извади крстот од осветените води на Каменичка Река

Македонска Каменица, 19.01.2019 година – Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Гоце Атанасовски од Македонска Каменица. Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а на најсреќниот, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова му додели златник и пригодни подароци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *