Голема полициска акција во Скопје: Неколкумина приведени и пронајдени оружје, муниција и дронови

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ ја потврдија акцијата, но не откриваат за што конкретно станува збор и повеќе детали најавија за утре

Екипи на скопската полиција заедно со припадници на специјалната едница „Тигар“ денеска реализирале голема акција во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ ја потврдија акцијата, но не откриваат за што конкретно станува збор и повеќе детали најавија за утре.

Инаку, како што дознаваме, во полициската акција се приведени неколку лица осомничени за тешки кривични дела.

При претресите на нивните домови, полициските екипи пронашле оружје, муниција, дронови и други предмети повразни со извршени кривични дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *