Голема е веројатноста Лазаров да биде најдобар стрелец и на ова Светско првенство

По завршувањето на четвртфиналните натпревари од Светското првенство во ракомет кое се одржува во Франција, нашиот капитен Кире Лазаров и понатаму е лидер на листата на стрелците со 50 постигнати голови. 

На второто место е Лопез од Ангола со 47, па следи Банур од Тунис со 45 гола, но и од двата нема никаква опасност кон нашиот ракометар, со оглед дека и двете репрезентации веќе ги завршија настапите на Мундијалот.

Во моментот најголема опасност по Кире Лазаров се ракометарите на Норвешка, Бјорнсен и Сагосен кои имаат по 36 погодоци, но и сигурни два натпревари до крајот.

извор: http://www.gol.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *