Германски виролог тврди дека не постои можност за нов бран на корона вирусот

Како и други земји и Германија се бори со пандемијата на корона вирусот, а во прв план во таа борба се експертите, епидемиолозите и виролозите. Еден од најпознатите германски виролози ги оспорува тврдењата дека има случаи на повторно заразување со корона вирусот на луѓе кои веќе биле заразени и оздравеле. Кристијан Дростен е виролог кој сега го води институтот Шарите во Берлин. Помал дел од јавноста знае дека тој учествуваше во борбата со епидемијата на САРС. Дростен бил еден од првите кои го изолирале тој вирус, работел на развојот на тестови како за тој, така и за овој вирус од истото семејство на корона вируси.

Дростен има теза дека имунитетот стекнат при зараза со некој друг корона вирус во текот на зимата може да понуди заштита и кај овој нов вирус. Тој многу јасно направи корелација со инфромациите за повторно заразени луѓе од корона вирусот во Азија. Тој тврди дека тие не се повторно заразени, туку само не биле излечени до крај и во тоа голема улога имаат ограничувањата на PCR тестовите.

Германија полека ги олабавува мерките, но Дростен зборува со доза скепса дека премногу храбро е да се зборува дека заразата е под контрола се додека нема вакцина. Неговата препорака е правилото „six feet – six seconds”, односно во контактите со другите луѓе останете на оддалеченост од 1,8 метри, а комуникацијата сведете на на шест секунди.

Целиот текст побарајте го на https://inovativnost.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *