Генерацијата на која и минува возот

4 март 2018

Европската унија инвестира милијарди евра во програмата за помош за вработување на млади луѓе. Шпанија, една од земјите со најголем процент невработени меѓу младите, проценува дека програмата е успешна. Дали е тоа така?

Мануел е Шпанец и ќе има 30 години за неколку години. Но, тој, како и многумина во неговата генерација, едноставно не може да најде работа. – Прилично сум под притисок, вели тој, нагласувајќи го секој збор. – Сите ми велат: Побрзај, ќе ти замине возот! Таканаречената Гаранција на ЕУ за вработување млади требаше да им помогне на младите луѓе како него, но Мануел вели: „Тоа се празни приказни, ништо не донесе програмата”.

Слично размислуват и во германскиот Институт за економски истражувања (ДИВ) во Берлин.

Кога почна програмата во април 2013 година, идејата се чинеше дека е добра: на невработените лица во ЕУ под 25-годишна возраст во рок од четири месеци им се гарантира стажирање, стручна обука или работа. Сите земји-членки на ЕУ се приклучија на оваа програма. Некои ја кренаа старосната граница, па така во Шпанија изнесува 29 години.

Италија невработени

Во тоа време, граѓаните и политичарите имаа слики од десетици илјади незадоволни млади луѓе кои демонстрираа на улиците на јужна Европа поради страв од сиромаштија, фрустрирани од политиката, лути поради високата невработеност меѓу младите. Во тоа време, во Шпанија, невработеноста кај младите изнесуваше речиси 56 проценти, а според Евростат, тоа е едвај подобро отколку во земји како Грција, Хрватска или Италија.

– Мојата генерација беше сосема изненадена, вели Мануел. – Претходно се зборуваше: секој што учи, има сигурна иднина. Потоа беше кажано: тоа може да биде компликувано. Во почетокот не верувавме во тоа, но сега мораме да поверуваме, додава тој.

Меѓутоа, шпанската Влада со гордост информира дека повеќе од еден милион Шпанци се регистрирани во програмата Гаранција за млади и дека околу 40 отсто од нив нашле работа. Исто така, невработеноста кај младите се намали и сега изнесува 37 проценти.

Поразителна статистика

Но, критичарите велат дека статистиката, сепак, не оди во прилог на Програмата за млади. Карл Бренке од ДИВ во Берлин, кој направил студија на оваа тема, вели дека стапката на невработеност кај младите луѓе паѓа поради добрата економија, поради тоа што младите луѓе студираат подолго поради страв од невработеност, и поради тоа што има помалку млади луѓе.

Карл Бренке

 

– Не можам да го препознаам успехот на Програмата на ЕУ за млади, особено бидејќи вработувањето на младите пораснало помалку отколку кај возрасните, вели Бренке.

Ревизорот на Европската унија неодамна дури се сомневаше дали одредени земји членки навистина наменски ги користат средствата од програмата. Виктор Релоба Лопес од шпанска младинска организација вели: „Нашата влада ги намали парите за своите програми за вработување кога дојдоа парите од програмата на ЕУ. Тоа нас не прави лути и мислиме дека е лошо“.

Шпанската влада не сака да коментира за тоа, додека Европската комисија во Брисел јасно стави до знаење дека таквиот трансфер на средства во буџетот не е во согласност со правилата на ЕУ и ќе биде ставено под лупа. Но, тие исто така додаваат: „Програмата Гаранција за вработување млади е успешна, иако на почетокот имаше проблеми“.

Исчезнуваат милијарди

Европската унија вложува многу пари во борбата против невработеноста кај младите – околу шест милијарди евра, а се планира зголемување од две милијарди евра. Најголем дел од парите одат во Шпанија.

Сепак, Бренке тврди дека парите се одлеваат, а резултати нема – речиси не се создадени никакви работни места со долгорочни договори, туку најчесто станува збор за небезбедни работи со договори на определено време.

Невработени

Притоа, Шпанија се обидува многу – компаниите, меѓу другото, добиваат и финансиска помош за регрутирање млади луѓе. Бренке вели дека ова не е решение, бидејќи овие млади луѓе често се отпуштаат од работа кога истекува субвенцијата. Тоа е секогаш проблем со субвенциите.

Мануел, исто така, верува дека шпанските компании ги злоупотребуваат субвенциите за младински програми. – Во понудите за работа, фирмите го поставуваат за услов регистрирањето за оваа програма на ЕУ, додава Мануел.

Тој, исто така, не е задоволен од понудата за школување во рамките на Програмата за млади. – Јас добивам само понуди за компјутерски и комуникациски курсеви, вели Мануел.

Но, тој има диплома по биологија и би сакал да остане во својата професија. Затоа се запишал на вонредни студии – сака да докторира. Тој не сака да се откаже или да емигрира. – Додека се обидувам, не можам да го пропуштам возот. Морам да верувам дека постои излез – без тоа се ќе биде многу полошо, смета Мануел

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *