Генерално собрание на ЗЕЛС во Струга

Градоначалниците и претставниците на општинските совети денеска во Струга ќе дискутираат за предизвиците во локалната власт на четвртата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија.

Од ЗЕЛС најавуваат дека на седницата ќе дискутираат за актуелните предизвици на локалната власт, а ќе бидат изнесени и одредени предлози и иницијативи за следните правци на дејствување на децентрализацијата во земјата.

Пред делегатите ќе се обрати и претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов, а ќе бидат разгледани и одредени измени и дополнувања на Статутот на ЗЕЛС, како и Финансискиот извештај на Заедницата за минатата година.

Генералното Собрание на ЗЕЛС го сочинуваат сите градоначалници на единиците на локалната самоуправа, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Членови на ова тело се и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС, каде има по еден претставник од општинските совети од секој од осумте плански региони и еден претставник од Советот на Град Скопје. Генералното собрание на ЗЕЛС има вкупно 90 делегати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *