Вториот голем празник денес: Свети Јован Рилски

Големиот подвижник и светилник на Православната Црква, Свети Јован Рилски е роден во местото Скрино – во времето на царот Борис (852-889). Тој е роден околу 876 од побожни родители, кои припаѓале на средната калса. Од младоста бил посветен на Бога, а со смртта на родителите по 25-та година својот имот го раздава на сиромасите и го напушта родениот град. Заминува во планина каде нема контакт со луѓе, се храни со растенија и води испоснички живот. Потоа се сели во планината Рила, каде што живее во шупливо дрво. Многу години тој не ги видел лицата на луѓето, додека Бог не испратил Пастир, кој ги барал изгубените овци. Така, светецот се слушнал меѓу луѓето, а тие почнале да доаѓаат да бараат помош во болести и маки. Пред смртта на своите ученици и на сите тие што го почитувале им оставил писмен завет: „Новокрстените луѓе од иста крв, затврдувајте ги во верата и убедувајте ги да ги остават своите пагански обичаи и лошите навики“. Починал на 70 годишна возраст во 946 година. Подоцна им се јавил на своите ученици и побарал неговите мошти да бидат пренесени во Средец – Софија, што било направено на 19 октомври, ден кога исто така се празнува неговото име. Прво биле сместени во црквата „Св. Георгиј Победоносец“, а потоа во црквата „Св. апостол и Евангелист Лука“. Подоцна биле однесени во Унгарија каде што останале неколку години, по што повторно биле вратени во Софија, потоа во Велико Трново, за конечно пак да бидат вратени во неговиот, односно во Рилскиот манастир каде што и денес се наоѓаат. Насекаде каде што биле пренесувани и каде што престојувале овие мошти на Светиот Јован Рилски се случувале чуда, поради што е наречен Чудотворец.
Опсервер: Вториот голем празник денес: Свети Јован Рилски | opserver.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *