Времето сончево со мала облачност, од утре се потопло

Времето изутринава е студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец.

Минималната температура е во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно. До утре утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *