ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Утринска магла во котлините, попладне сончево време

Денеска во Македонија претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната во интервал од 13 до 20 степени.

Во Македонска Каменица сончево време со мала до умеренa облачност. Утринската температура ќе биде до 6 степени, а дневната до 17 степени.

И следните денови претпладне се очекува магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *