Временска прогноза за наредните пет дена

Денес е среда, 7 септември 2016 година, 251-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 18:51 часот. Денот ќе трае 12 часа и 58 минути.

Во текот на ноќта како и ова утро под влијание на поле на низок воздушен притисок чиј центар се наоѓа над Јонско море, во Македонија имаме облачно утро проследено со врнежи од дожд. Ако денот се познава по утрото денеска не очекува уште еден есенски ден, но летото сеуште не го кажал последниот збор.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес продолжува нестабилното време, кое ќе донесе облачно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо. Поинтензивни врнежи се очекуваат во претпладневните и во раните попладневни часови каде локално ќе наврнат и над 30 литри дожд. Врнежи со послаб интензитет се очекуваат во североисточните и источните предели. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на низок воздушен притисок но не очекуваат врнежи со многу послаб интензитет и појава на повремени сончеви периоди. Во четврток претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со врнежи од дожд. Температурите од 16 до 26 степени. Во петок облачно со врнежи од дожд и идентични максимални температури. Во сабота и недела умерено облачно и нестабилно време со благ пораст на утринските температури, а максиамлните во сабота ќе се движат од 18 до 28 степени, додека пак во недела тие ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *