Во сабота првиот концерт од „Култура во време на корона“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 07.05.2020 година – Како што информираат од КИЦ „Романса“ следејќи го трендот на поголемите градови во државата, веќе во сабота 09.05.2020 година, ќе се одржи првиот концерт од „Култура во време на корона“ во Македонска Каменица. Концертот ќе се одржи во централното градско подрачје, односно паркинг просторот на улица Рударска, со цел да им се овозможи на што поголем број на граѓани да го следат настапот од своите балкони. Концертот е без публика и ќе се одржи еден час по започнувањето на полицискиот час. Истиот ќе биде директно пренесуван на официјалниот фејсбук профил на општина Македонска Каменица и на јутјуб каналот на нашиот електронски медиум каменица.мк.

Во прилог го објавуваме и Јавниот повик кој денес го објави КИЦ „Романса“ со цел пријавување на интерес од што поголем број на уметници/музичари/артисти од Македонска Каменица кои во овој период остануваат без ангажман и доближување на културата до граѓаните во време на потребно социјално дистанцирање поради појавата на коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *