Во продажба се билетите за „Ловечката вечер“

Се известуваат сите заинтересирани граѓани дека, ловното друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” од Македонска Каменица организира „Ловечка вечер“.  која ќе се одржи на 11-ти февруари (сабота) во хотел-ресторан САСА со почеток од 19.00 часот.

Цената на еден билет изнесува 600 денари, во кои ке бидат вклучени: ордевер, салати, вечера, два пијалока по избор и голема забава со ACTIVE BAND и Даниела Темелковска. Во програмата ќе биде вклучена и богата лотарија со главна награда „Ловечка пушка”.

Сите заинтересирани своето присуство треба да го потврдат со купување на билети, бидејки местата се ограничени. Билетите се веќе во продажба, а можат да се купат во просториите на ловното друштво и кај членовите на организациониот одбор:  Благој Миовски 072/278-384  и Давор Стојковски070/310-399

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *