Во петок ќе се одржи редовна крводарителска акција во Македонска Каменица

Во петок, 03.12.2021 година, со почеток од 9:30 до 13:30 часот, во Дом на културата во Македонска Каменица, ќе се одржи редовна крводарителска акција.
Црвен Крст – Делчево ги повикува сите крводарители и граѓани на Македонска Каменица да даруваат крв за личен придонес во зачувување на здравјето на населението.
Исто така, од Црвен Крст – Делчево ушатуваат покана до сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да започнат со дарување крв.

Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!

*На крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од КОВИД 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *