Во организација на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ утре ќе се оддржат хуманитарни спортски игри по повод 8-ми Март – Денот на жената

Под мотото „Мајка за секое дете“, а по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица организира спортски игри помеѓу учениците. Спортските игри се со хуманитарен карактер и се со почеток од 11:30 часот во среда, 07 Март 2018 година. Во нив ќе учествуваат ученици од 1-во до 5-то одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица. Паузите помеѓу натпреварите ќе бидат исполнети со настапи на спортски гимнастичари, дел од школото за млади гимнастичари при училиштето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *