Во општина Македонска Каменица се одржуваат трибини на тема „Превенција и заштита од пожари на отворен простор“

Македонска Каменица, 27.03.2019 година – Општина Македонска Каменица во склад со одлуките на Вонрениот состанок на координативниот штаб за управување со кризи и како резултат на големиот број на пожари на отворен простор од почетокот на годината, започна со одржување на трибини по селските средини на тема “Превенција и заштита од пожар на отворен простор”.

Соопштението од општина Македонска Каменица, поврзано со преземените активности од нивна страна ви го пренесуваме во целост:

Како резултат на големиот број на пожари на отворен простор од почетокот на годината, а во согласност со Годишната програма за работа на Координативниот штаб за управување со кризи и ТППЕ-Мак.Каменица, со склад со Оперативниот план за делување за 2019 година, ТППЕ-Мак.Каменица започна со одржување на трибини по селските средини на тема “Превенција и заштита од пожар на отворен простор”.

Свое учество на овие трибини имаат и претставници од институциите во нашата општина што се засегнати од пожарите на отворен простор: Инспектор за превенции од Полициското одделение, Шумска полиција, Шумско стопанство, Гранична полиција, ЦУК-претставник од Мак.Каменица, ЈП Камена Река и претставници од општина Македонска Каменица, како и градоначалничката Соња Стаменкова. Во изминатиот период трибини за превенција беа одржани во месните зедници: Каменица 2, Моштица 1, Тодоровци, Саса 1 и Саса 2 (Аризанци), Костин Дол, Дулица, Каменица 1, Тодоровци, Моштица 2. Во текот на наредните денови трибини на тема – Превенција од пожари од страна на Координативниот штаб, почнувајќи од денес ќе бидат одржани и во Луковица, Саса 2, Косевица и Цера 1 и 2.

Трибините се организирани и планирани по однапред утврден распоред за одржување со посредство на претседателите на месните заедници од сите селски средини. Целта на овие трибини е да се запознае населението кои се опасностите од настанувањето на пожар на отворен простор чие палење е строго забрането и претставува кривично дело, како треба да се реагира ако се забележи пожар на отворен простор и како треба да се постапува ако сме затечени самите на местото на настанувањето на пожарот.

Посебен акцент на овие трибини е укажувањето дека во случај на појава на пожар на отворен простор треба да проработи совеста и разумот кај секој од нас и граѓанска должност на секој од нас е да учествува бидејки во тој момент сите сме повикани во акцијата за гасење на пожар на отворен простор, со цел штетите од пожарот да бидат што помали, бидејки пожар без штети не постои. Она што може да изгори за неколу часа, не може да се обнови за неколку десетици години, а со тоа ја уништуваме и ја загадуваме животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *