Во одделни акции на МВР лишени од слобода лица од Делчево и Виница

На 25.03.2022, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода Д.М.(22) и А.М.(18) од Виница. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Н.С.(32) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *