ВО КОЧАНИ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ОД МЛАДИНСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН 2020“

Единаесет изработени дела од млади ликовни уметници од Кочани денес беа поставени на изложбата од 8-та Младинска ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2020“, која денес беше отворена во салон „Фоаје 1“ во Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани.

Мима Војновска, Ангела Иванова, Ивона Здравева, Нина Савева, Елена Стојанова, Павле Николов и Давид Јосифов се авторите на единаесетте дела кои годинава поради новонастанатата состојба со пандемијата Ковид – 19 беа нивна инспирација и истите беа творени во посебни услови: пред платото на ЦК „Бели Мугри“, на друг отворен простор и во домашни услови.

92

„Денеска во Центарот за култура се отвори изложбата на дела од 8-та Младинска ликовна колонија „Св.Пантелејмон“. Изложени се 11 дела на платно работени во акрилна техника. Со изложбата ја завршуваме  годишната програма во делот на визуелните уметности за  2020 година и се надеваме дека во наредните години ликовната колонија „Св.Пантелејмон“ ќе продолжи да се организира, а воедно се надеваме на поддршка и од Општина Кочани“, истакна Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности во „Бели мугри“.

95

Изложбата која е дел од Годинешната програма на ЦК „Бели Мугри“ – Кочани а е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија љубителите на уметноста ќе можат да ја посетуваат во текот на оваа седмица.

С. Ивановски

Извор: komarec.com.mk

Благодарност до колегите од glasno.mk за фотографиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *