Вонредно соопштение од АМСМ: Целосно затворен за сообраќај патот Македонска Каменица – Штип

Во тешка сообраќајна нереќа што се случи околу 18:15 часот во близина на Кочани најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени.

Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата околу Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна, а загинатиот се наоѓал во возилото. Од ударот цистерната излетала и се превретела во нива покрај патот.  Повредените лица со возила на итна медицинска помош се префрлени во кочанската Општа болница, а интервенираат и пожарникарите.

Поради несреќата обиколниот пат околу Кочани е затворен за сообраќај од клучката кон село Грдовци до влезот кон Оризари, а возилата се пренасочуваат низ градот.

Увид на местото на сообраќајката прават јавен обвинител и сообраќајни полициски екипи, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *