Вонредна временска прогноза. Спремете се за обилни врнежи од дожд

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, денеска, почнувајќи од вечерните часови, до утре на пладне, ќе има врнежи од дожд, кои во западните и северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

– Пообилни врнежи ќе има во ноќните и во утринските часови, а локално ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен. На највисоките планински врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег, се наведува во вонредната временска прогноза на УХМР.

Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и сабота.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *