Вонредна временска прогноза: Од денес Македонија ќе биде зафатена од доста влажен и студен бран

Денеска попладне и во текот на ноќта Македонија ќе биде зафатена од краткотраен, но интензивен влажен бран и ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во останатите делови. На високите планини врнежите ќе бидат од снег. На места во крајните источни и западни делови ќе наврнат околу 20 литри на метар квадратен, а во останатите делови најчесто околу 10 литри. Локално врнежите ќе бидат поројни и ќе има и услови за појава на грмежи, особено во јужните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на високите планини повремен снег, почесто до претпладневните часови. Ќе има услови за појава на грмежи, особено во југоисточните делови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *