Од ден во ден се менуваат рестрикциите кога е во прашање полицискиот час, а полека почнува и олабавување на мерките.
Новиот предлог, како што соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче, е полицискиот час наместо во 16 часот, да почнува во 19 часот и да трае до 05 часот наутро.
Во викендите, полицискиот час да почнува во сабота во 13 часот и да завршува во понеделник во 05 часот наутро.
Измена се предлага и во движењето на лицата постари од 67 години- тие ќе можат да излегуваат од дома секој работен ден од 8 до 12 часот, додека децата до 18 години ќе можат да излегуваат од 13 до 16 часот.
Забраната за групирање останува, а се воведува задолжително носење на маски и ракавици во затворени објекти, маркети, пошти, пазари… а на отворено да се држи дистанца од 2 метри”, информираше Филипче.
Овие мерки ќе бидат дискутирани утре на седница на Владата.