Возете внимателно со прилагодена брзина – Врнежи од снег и голомразица на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има на следниве места: Страцин, Крива Паланка – г. п. Деве Баир, Попова Шапка, Маврово, Стража и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони и на голомразица. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *