ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Поради ниските утрински температури можна појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот на некои повисоки места. Поради ниските утрински температури можна е појава и на голомразица.

Авто мото сојузот на Македонија потсетува дека се уште на сила е забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *