Нов голем одрон на патот Каменица – Кочани. Како што може да се види на сликата, на 500 метри пред м.в Саваро, целата десна коловозна лента на патот е покриена со голем камен одрон. Местото е означено со знаци на претпазливост и стеснување на патот, бидејќи моментално се вози по една коловозна лента.