ВНИМАНИЕ: Вие на одмор за празниците, а крадците во вашите домови

Празниците и  одмор  надвор  од дома може да ви донесат проблеми зашто вашите планови во тој случај  се совпаѓаат  со плановите на крадците . Долгата низа  неработни денови крадците ја толкуваат како директна покана  за посета и проверка на сé што е вредно во  домовите.

Оттука, според  стручните,  еве кои се основните работи што не треба да ги направите  пред да заминете надвор од  дома, па макар и на неколку часа.

1 Не фалете се преку социјалните мрежи  каде ќе одете.

2  Ако и покрај тоа заминете некаде не постирајте ништо на мрежите и не издавајте се.

3 Сé што е вредно, а го чувате дома  и може да се изнесе дадете го на чување кај близок .

4 Проверете ги прзорците дали ви се добро заклучени. Двојно заклучете ги вратите, ако имате аларм активирајте го и замолете ги  блиските соседи да внимаваат на вашата куќа или стан

5   Не гасете ги светлата за цело време, може да го оставите вклучен дури и телевизорот .

Секако, сето ова е голема  подготвка но мора да се има на ум и дека предизвикот на крадците за празниците е исто така голем.  Поради ова, не жалете труд, бидете одговорни  кон вашите скапоцености  и заштитети ги  за одморите да не ви преседнат.

За крај, секако, мора да и се верува и на полицијата како на сојузник, но таа се уште нема толку очи  колку што имаат крадците. Затоа, потпрете се најпрвин на себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *