Внимавајте: „Adidas“ вирусот демне на „Viber“ и „WhatsApp“

Внимавајте: „Адидас“ вирусот демне на Вибер и ВацАп

Вирусот се шири во форма на реклама со поволност за бесплатни патики или маици. Вирусот е претставен во вид на промоција која наводно ја даваат од компанијата по повод нивната 95-годишнина.

Веќе неколку дена вирусот наречен „Адидас“, токму поради тоа што се појавува во вид на реклама и понуда од познатиот бренд Адидас, е раширен меѓу многу корисници на Вибер и ВацАп.

Вирусот се шири во форма на реклама со поволност за бесплатни патики или маици. Вирусот е претставен во вид на промоција која наводно ја даваат од компанијата по повод нивната 95-годишнина.

Доколку кликнете на него, ќе треба да одговорите на неколку прашања и да ги дадете вашите лични податоци, а притоа и да споделите.

Доколку ви пристигне некоја ваква порака едноставно избришете ја или игнорирајте ја и излезете од вештачката група во која сте додадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *