Внимавајте, од утре не смее да плаќате во готово износи поголеми од 500 евра

Од утре стапува во сила последната измена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам со што купувањето во кеш ќе биде дозволено само за суми до 500 евра.

Поинаку кажано, ако утре сакате да купите, на пример, половен автомобил, телевизор, или пак, која било друга роба, поскапа од 500 евра, нема да можете да платите во готовина, туку само со картичка или уплатица во банка.

Ако се осмелите да платите во кеш, ќе направите прекршување на законот, за што е пропишана парична казна од 5.000 до 80.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *