ВМФЛ ИСТОК: Победа на ФК Каменица САСА со пенал во 90. минута

Каменица Саса во последната минута го сруши отпорот на Кожуф победувајќи со 1-0 благодарение на голот од пенал на Дарко Алексовски во 90. минута.

Четирите конкуренти кои се во четири бода разлика во Втората лига Исток за пласман во Првата лига, победнички ја стартуваа пролетната полуетапа, па од првата Победа до четвртата Беласица разликата остана иста.

Победа со 4-1 славеше кај претпоследниот Братство од Житоше, во меч на кој Атхе Мазари даде хет-трик (2. 36, 80), а Филип Димоски еден (46-та минута) за убедлив почеток на есенскиот првак

Беласица со 3-0 го освои Кочани и го победи Осогово, а сѐ беше решено до четвртата минута откако Давид Мирчовски даде два гола, прво од пенал во втората, па потоа во четвртата и дури на крајот на девет минути пред завршување на мечот Илхан Амедов стави печат на втората најубедлива победа во ова коло.

Слога Виница со 2-1 славеше против Пехчево, а Каменица Саса минимално со 1-0 во последните секунди го победи Кожув од кандидатите за Првата лига. Во последниот меч од ова коло, Детонит јуниор со 3-1 го победи фенерџијата Локомотива во Градско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *