Владата одлучува за забрана за јавни собири и спортски натпревари поради коронавирусот

Од утрово се прават тестови на коронавирус на уште еден пациент од Струмица кој на 24 февруари се вратил од Италија. Човекот немал симптоми кога стигнал во земјава, сега се јавил сам на лекар и во зависност од тестовите ќе се види дали е позитивен и ако е,  со кого се бил во контакт

Да се забранат сите големи јавни собири на една недела, без разлика дали се на отворен или затворен простор вклучувајќи ги и спорските натпревари и карневалите во Струмица и Прилеп, ќе и предложи на Владата министерот за здравство Венко Филипче, откако синоќа овој предлог бил доесен и на состанокот во Центаротз а уптавување со кризи.

„Роковите на масовни собири ќе се знаеат после седница на Влада. Ние ќе препорачаме тоа да биде до следниот петок, а понатаму ќе се види како ќе се одвиваат работите“, информира на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Од утрово се прават тестови на коронавирус на уште еден пациент од Струмица кој на 22 февруари се вратил од Италија. Човекот немал симптоми кога стигнал во земјава, сега се јавил сам на лекар и во зависност од тестовите ќе се види дали е позитивен и ако е,  со кого се бил во контакт.  И двајца бугарски државјани кои работат во битолска фирма вчера се пријавиле и кажале дека биле во Италија. Даден им  е совет да бидат дома и да не се движат низ институции и меѓу луѓе. рече Филипче.

Тој информира дека пациентката кој е зарзаена со коронавирус е во стабилна состојба, се наоѓа во изолација и нема знаци на компликации, што значи влегува во фаза на опоравување.

Добро се одвива и домашната изолација на паниците и на другите кои имале контакти со нив. Вчерашните резултати се негативни.

Филипче нагласи дека се што се презема е да се подготви системот, во однос на превенција и третман на пациентите.

„Ни не може да знаеме што ќе очекуваме. Го подготвуваме системот за еден , два, три, десет или повеќе пациенти. Има многу непознаници за вирусот и ние мора да се подготвиме“, рече Филипче.

Мерката со препораки за патниците кои дошле од ризичните региони остануваат да важат, тоа значи да не се движат јавно и да се јават на дадените телефони ако имаат симптоми, а од пред 2 дена е воведена мерката да не одат на работа и децата во училиште доколку се вратиле од ризичните региони и Италија, Доколку биле во контакт со заболено лице да останат во домашна изолација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *