Вирусот кој константно се шири може да биде уништен на топло и на суво време

5 минути факти: Има резерви на производи кои се чуваат во тајни складишта

Коронавирусот живее на студено, но и во топли, а и влажни реони, изјавија од Светската здравствена организација за емисијата „5 минути факти”. Вирусот кој константно се шири може да биде уништен на топло и на суво време.

Екипата на „5 минути факти“ направи емотивна сторија за пациентка која е заболена од коронавирусот и во моментов е на Инфективната клиника во Скопје.

„Ме земаа од дома, ме донесоа на Инфективната клиника, ме прими комплетно опремен персонал. Да се биде позитивен на коронавирусот не значи дека че се умре, туку е премногу стресно. Затоа ве молам, почитувајте ги препораките и не доведувајте ги во ризик своите најмили“, изјави пациентката во телефонскиот повик.

Агрон Буџаку, од Центарот за управување со кризи кој беше дел од соговорниците, изјави дека состојбата во Дебар е под контрола и се испраќаат дополнителни маски за превентива.

Вкупно 185 пациенти кои ќе имаат потреба од распиратори ќе можат да бидат сместени во Државните болнци, а на располагање се и 70 легла во приватните. Од Министерсвото за здравство велат дека има конкретен кризен план кој не го споделуваат. Од агенцијата за стокови резерви изјавија дека државата располага со потребни резерви на производи кои се сместени на тајни складишта.

Еден на еден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *