Виница: 8 теракотни икони како дел од македонското културно наследство ќе бидат презентирани во Англија

8 теракотни икони од Виница, ќе го презентираат македонското културно наследство во Англија. Годинава, тие ќе бидат дел од изложбените поставки на музеј во познатиот англиски универзитетски центар  Оксфорд:

  • Четири теракотни икони од нашиот музеј и четири од Археолошкиот музеј на Македонија ќе гостуваат на изложбата „Религиите на цивилизациите“ во Оксфорд, Англија, изјави Јулијана Иванова, дир. на Музеј “Теракота“ – Виница.

Теракотните икони најдени на виничкото кале претставуваат светски раритет во областа на ранохристијанската археологијата. Во периодот од 1985 до 2002 година, на Виничко Кале се откопани 60-тина цели и стотина фрагменти керамички икони.  Дел од нив, сега ќе бидат конзервирани:

  • Сите икони се од крајот на петтиот и шестиот век од нашата ера. Тоа се ранохристијански икони, секогаш заслужуваат внимание, тоа е нешто по кое сме познати во светот, изјави Јулијана Иванова, дир. на Музеј “Теракота“ – Виница.

Во керамичните икони, се претставите на поединечни светители, какви што се: Архангелот Михаил и Св.Теодор Драконоубиец, но има и такви со теми од паганската митологија, како и теми во кои се обработуваат историски содржини и настани.

Од неодамна, теракотата со релјефната претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм, е носечки мотив на предната страна на банкнотата од 200 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *