Визер ги суспендира летовите меѓу Македонија и Италија

Авиокомпанијата Визер соопшти дека од 31 јули ги суспендира сите летови помеѓу Италија и  Македонија. Ова, според најавата, е како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Македонија.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Визер сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Визер. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, соопштуваат од Визер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *