Виена: Еден од напаѓачите е Албанец со потекло од Македонија

Албанец со потекло од Македонија е терористот кој уби четири лица во Виена. Властите молчат но новинар на магазинот „Фалтер“ го откри идентитетот на терористот. Главниот уредник на магазинот „Фалтер“ Флориан Кленк тврди дека убиениот терорист кој синиќа изврши терористички напад во Виена е младо момче од Виена , Албанец со потекло од Македонија.

-Тој се вика Куртин С. Роден е во 2000 година во Виена, каде и пораснал. Потеклото му е албанско, а неговите родители се од Македонија и немаат никаква врска со исламизмот, напиша познатиот австриски новинар на Твитер.

Уредникот на магазинот наведува дека терористот кој убил четири лица, пред полицијата да го убие него и бил познат на Службата за борба против тероризам. (БТВ), поради тоа што е еден од 90-те австриски исламисти кои се обидела да отпатуваат во Сирија.

Во јули, тврди Кленк, тој бил спречен да замине на боиштата во Сирија.

„Меѓутоа власта не верувала дека тој може да планира терористички напад“, дополнил уредникот Кленк.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, ККерл Нехамер утрово потврдил дека убиениот терорист бил симпатизер на Исламската држава, без да наведе делати за идентитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *