ВИДЕО: Функционира фитнес центарот во „Куќата на спортот“. Опремата ја донираше Рудник „Саса“

Во „Куќата на спортот“ во Македонска Каменица функционира фитнес центарот, кој ги донесе младите каменичани на справите за вежбање. Бесплатниот промотивен месец беше вистинска шанса, многу од нив да се запознаат со овој спорт кој освен здрав начин на живот придонесува и за поубав изглед и физичка конддиција.

„Одлично е, овде можеме да спортуваме, да се рекреираме, но и да се дружиме“ – вели младиот Михаил Јанев од Каменица.

Отворањето на фитнес центарот  има своја приказна која со нас ја сподели инвеститорот Рудник Саса кој набави современа фитнес опрема  во вредност од 30 илајди евра.

„За тоа што ќе инвестираме во „Куќата на спортот“ придонесе и нашиот Бошко, кој работи кај нас како обезбедување и со негова помош набавивме современа опрема“ – рече Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во Рудник „Саса“.

Фитнес салата и Куќата на спортот како објект кој ќе го обединува спортот на едно место,  полека но сигурно ја остваруваат и својата цел- да станат расадник, каде ќе растат и ќе се развиваат спортистите и спортските клубови во рударска Каменица.

извор: ТВ Стар Штип

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *