Бранителот на тронот во Италија – Јувентус, после поразот од Лацио се врати на победничките патеки и денес ја победиСампдорија.
Јувентус до водство стигна во 19. минута по еден волеј удар на Паоло Дибала, а по асистенција на Алекс Сандро. Сампдорија до изедначување стигна од својата прва посериозна прилика, а голот го постигна Капрари.
На истекот од полувремето, Роналдо уште еднаш докажа дека е голем, „полета“ и го постигна победничкиот гол за Јувентус.
Ronaldo can fly! pic.twitter.com/bcF9NzXndy
— Ескимот (@eskimmk) December 18, 2019