(ВИДЕО) Еколошка катастрофа во Калиманско Езеро. Граѓаните вознемирени од глетката со најразлична пластична амбалажа и отпад

Еколошка катастрофа во Калиманско Езеро. Граѓаните на Македонска Каменица вознемирани од глетката со најразлична пластична амбалажа и отпад кои пловат на површината од езерото

Преку видео објави на социјалните мрежи, граѓаните апелираат за повисока еколошка свест, бараат надлежните органи да преземат соодветни мерки, како би ја спречиле оваа честа и несакана појава во водите на Калиманско Езеро.

Шишиња ,кеси,најразлична пластична амбалажа и цврст отпад, ваква е сликата која деновиве може да се забележи на Калиманско езеро. Отпадот според очевидци и видеата кои пристигнуваат до нас, е донесен од река Брегалница, која заедно со своите притоки од општините Делчево, Пехчево и Берово се влева во езерото.

Поради покачениот водостој, реката Брегалница во водите на Калиманци, со себе го носи и со години одложуваниот отпад покрај своето речно корито, е најверојатна причина за оваа несакана појава. Исто така, честа се пријавата за помор на риби однезаконско и неконтролирано исфрлање на хемикалии во водите на Брегалница. Ова ја прави главен и најголем загадувач на водите во Калиманското езеро.

Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целата површина од езерото и предупредуваат дека треба навремено да се пристапи кон чистење на отпадот, како би се спречила оваа еколошка катастрофа.

До овој момент, реакција за оваа појава од единственото Еколошко друштво во Македонска Каменица или други еколошки друштва од регионот, нема! Се надеваме дека, со овој краток напис ќе предизвикаме доволно внимание кај екологистите и кај надлежните органи за што поскоро решавање на проблемот и спречување на ваквите појави во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *