Венко Крстевски го донираше месечниот советнички паушал за помош на ДАФ во Кочани

Кочани, 17.05.2021 година – “Ајде да го помогнеме ДАФ”донаторска акција на Венко Крстевски – член на Советот на општина Кочани.

Драмскиот аматерски фестивал во Кочани е настан кој се случува над 45 години и го збогатува културниот живот на кочанчани и љубителите на драмската уметност во регионот. Незавидната финансиска состојба во која се наоѓа фестивалот беше поттик за Венко Крстевски да го оддели својот месечен советнички паушал, како би го помогнал ова најголемо културно доживување и искуство во својот град.

“Како што ветив на предлогот на Претседателот на Советот на општина Кочани, Томе Солевски да ги донираме нашите паушали за фестивалот кој 45 години се одржува во Кочани и моментално се соочува со потешкотии, односно опасноста да згасне, со свој пример донирам 16 200 денари за да го помогнам колку можам” – стои во објавата на фејсбук профилот на членот на Советот Венко Крстевски

Во своето обраќање, Крстевски додава “Ајде колеги вие сте на потег”, со што ги повика и останатите членови на Советот на општината да го сторат истото.

Венко Крстевски делува како независен член на Советот на општина Кочани и често спроведува добротворни и донаторски акции. Редовно поддржува и спроведува граѓански акции и кампањи на граѓански активизам од областа на културата, младинските политики за подобра перспектива на младите во градот Кочани и регионот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *