Вардар мака мачи! Што се случува со клубот?

Веројатно многумина се прашуваат што се случува со шампионот Вардар. Три гостински порази во последните четири меча и само едно домашно реми со Келце. Згора на се, поразите не се мали, туку еден од десет голови и два од девет. Веспрем, Келце и последниот на листата е Мешков Брест.

Ако за Веспрем и Келце, може да се каже дека се дел од европскиот крем, тогаш поразот од Мешков не смее никако да се прости. Без идеја, без стил, без инвентивност во нападот, вардарци го загубија вториот дел со неверојатни 19-9!

Промената на тренерската клупа наместо да донесе нови моменти, донесе уште полоши резултати. Кокшаров ни оддалеку не е тоа што треба да биде, па веројатно управата ќе го сочека крајот на полусезоната и ќе повлече некаков потег.

Поразот во Белорусија веројатно става крај на надежите за борбата за првите две позиции, па патот до Келн, Вардар ќе мора да го бара преку осминафинале со ривали од типот на ПИК Сегед, Алборг, Фленсбург или Целје, а потоа преку Барса или ПСЖ.

Но Вардар секогаш се извлекувал од тешки ситуации, па така нека биде и сега!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *