Вандализмот во Македонска Каменица никако да престане

Македонска Каменица, 15.06.2020 година – Продолжува вандализмот во Македонска Каменица. Изминатите ноќи, цел на ваквата појава е урбаната опрема поставена во централното градско подрачје и периферните делови од градот. Уништени се повеќе уградени светилки на заштитната украсна ограда околу средното училиште во Македонска Каменица, СОУ “Миле Јаневски Џингар”.

Реакциите на граѓаните не стивнуваат по зачестените пријави за ваквото недолично однесување на поединци од Македонска Каменица.

Ова е честа појава во нашиот град, особено за викенди, во текот на вечерните часови. Честа е појавата на групирање на наши сограѓани, особено млади луѓе, кои ги користат јавните простори за конзумирање на алкохол до доцните ноќни часови. За тоа сведочат ваквите намерни штети врз урбаната опрема и нередот со расфрлана амбалажа со алкохолни пијалоци зад себе, – изјавуваат жителите на Македонска Каменица кои живеат во централното градско подрачје,  во близина на градските паркови и кеј на Каменичка Река

Пред само неколку денови, исто така пишувавме за уништена урбана опрема на улица Гоце Делчев, како и за поставување на отров за домашни миленици на јавни површини. Дел од обвинувањата на граѓаните беа дека цел на овој напад се поголем број на домашни миленици, кучиња и мачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *