ВАЖНА ВЕСТ: НАЈАВЕН ПРЕКИН ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ВОДА ПОРАДИ САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

Македонска Каменица, 05.07.2021 година – ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради санација на два дефекти на главна водоводна линија во текот на претпланевните часови од утрешниот ден ќе има прекин во снабдувањето со вода.

Прекинот во снабдувањето со вода ќе започне во 08:00 часот. Планирано е завршување на активностите за санација на дефектите до 12:00 часот, кога се очекува и нормализирање во снабдувањето со вода за пиење кај домаќинствата во сите делови од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *