“Булмак” – Тораница и ЕД “Здравец 2002” отстранија огромна карпа од патот помеѓу Царев Врв (2085) и Руен (2252)

Македонска Каменица, 05.09.2020 година – На ден 02.09.2020 година Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица се вклучи во градежните активности на Осоговските Планини за остранување на поголема карпa на патот Царев Врв (2085 м) – Руен (2252 м), двата највисоки врвови на Осоговските Планини. Оваа карпа во минатото преставуваше опасност за многу љубители на природата, – истакнува Миран Митревски од ЕД Здравец 2002.  Реализацијата на овој проект беше финасирана и помогната од страна на БУЛМАК – рудник Тораница, Крива Паланка.
Ја користам оваа прилика да упатам навистина голема благодарност до фирмата БУЛМАК – рудник Тораница од Крива Паланка од името на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, – додаде Митревски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *