Бугарка си ја продала ќерката за 100 евра

Една 54-годишна жена, која во Бугарија на друга жена за 100 евра ѝ ја продала ќерката, одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006 година тогаш 15-годишна тинејџерка ја довела во Дортмунд и ја принудувала на проституција.

Цело време само плачев – изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето во Дортмунд.

Во обвинението е наведено дека обвинетата, која е исто така Бугарка, ја упатила жртвата во сексуалната пракса, за потоа да ја принудува на проституција во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи ѝ награди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *