Бронза за Баскет Кам и во машка конкуренција до 12 години

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ ја завршува сезоната со уште еден огромен успех. Освоен е бронзен медал во категоријата М-12 во машка конкуренција. Денес, во Скопје, во борбата за третото место на завршниот Ф4 турнир на Македонија (М-12) КК „баскет Кам“ успеа да слави над КК Куманово од Куманово со 43:38.

Со денешниот успех се заокружува успешната сезона на каменичкиот клуб каде веќе се прават планови за уште поголеми успеси во наредната натпреварувачка сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *