Бојан Трајковски и „Карпош Соколи“ се Куп-шампиони на Македонија

Карпош Соколи вечерва ја испиша клупската историја, откако во Кавадарци на теренот на противникот Фени Индустри, во финалето од Купот на Македонија славеше со резултат од 80-69 и на тој начин дојде до првата куп-титула.

Карпош Соколи дефинитивно ја игра најдобрата сезона во сопствената историја. Клубот е на чекор во деби сезоната во АБА лигата да избори опстанок, а денес на супериорен начин преку Фени Индустри стигна до првата титула во историјата, освојувајќи го Купот на Македонија. „Соколите“ предводени од тренерот Драган Николиќ, кој ги препороди по неговото доаѓање, практично направија исчекор напред во однос на минатата година, кога играа финале од ова натпреварување, но го загубија од МЗТ Скопје.

Каменичанецот Бојан Трајковски, секако, е еден од најдобрите играчи на клубот и гаранција за понатамошни успеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *