Бошко Стаменковски за Телма: Коронавирусот ги замре спортските активности во салите и на терените

Коронавирусот ги замре спортските активности во салите и на терените

Коронавирусот ги замре спортските активности во салите и на терените. Бошко Стаменковски светскиот шампион во неколку дисциплини, кои се  дел од боди билдингот наместо низ Европа и светот и  да соборува светски рекорди во дисциплината бенч, тој  неколку месеци тренира и е во својот роден град Македонска Каменица. Колективните спортови засега мируваат, но индивидалните се префрлија онлајн, на последниот учествувал како судија.

Стаменковски со овој спорт почнал да се занимава по 40 тата година, тој е неколку кратен европски и светски шампион во пауер лифтин бенч, дисциплина бенч прес. Лани бил на 15 натревари, учествувал на пет европски и исто толку и светски натпревари,а бил дел и од 50 турнири. Засега нема поддршка од државата, се натпреаврува сам и не стои клуб зад него.

Бројни се медалјите на Стаменковски, а ги има од сите големи светски и европски натпревари. Тренирал по другите градови, а по изградбата на спортскиот комплес во Македонска Каменица секојдневно тренира. Тој е и носител на неофицијален светски рекорд, направил 2.525 склекови за еден час. Стаменковски ги мотивира младите да се занимаваат со спортски активности,а верува со завршување на пандемијата во арените повторно ќе се вратат спортистите и публиката.

 

Викторија Јованова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *