Болните и изнемоштени пензионери од Македонска Каменица добија Новогодишни солидарни пакети

Македонска Каменица, 25.12.2019 година (текстот во целост е преземен од официјалната интернет страница на општина Македонска Каменица) – Претставници на Здружението на пензионери и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова започнаа со традиционалната активност на посета на домовите на изнемоштените и болни пензионери. При посетата на домовите, на 90 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останатите настани и манифестации организирани од Здружението на пензионери и општина Македонска Каменица им доделуваат солидарни пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.

„Здружението на пензионери е една од најактивните организации во нашата општина и доста активно Здружение на пензионери во целата држава. Тоа го покажуваат и денес со оваа акција со која покажуваат внимание кон нивните членови, кои заради здравствени и социоекономски причини се оневозможени да партиципираат во настаните и манифестациите што ги огранизира Здружението на пензионери во Македонска Каменица“ – изјави градоначалничката Стаменкова, која ја искористи приликата да им посака многу здравје, пријатно расположение и убави моменти со најблиските за време на претстојните новогодишни празници на сите пензионери од општина Македонска Каменица.

Претседателката на Здружение на пензионери од Македонска Каменица, Јаворка Соколовска кажа дека „во соработка со локалната самоуправа, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, традиционално на своите изнемоштени членови им подарува солидарни новогодишни пакети, од причина што тие не можат да учествуваат во останатите манифестации и настани во текот на годината. Со ова на дело уште еднаш се покажува блиската соработка со локалната самоуправа и грижата на Здружението за своите членови и сограѓани“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *