Богат спортски викенд во Македонска Каменица
Викенд во кој екипите од Македонска Каменица се натпреваруваат на домашен терен.
Почнувајќи од утре, сабота 25. Февруари со почеток од 14:00 часот, на градскиот стадион во Македонска Каменица, ФК Каменица САСА го пречекува лидерот на табелата во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ГФК Гостивар.
Утрешниот термин од 12:00 часот е резервиран за натпревар од XIX коло од Втората кошаркарска лига на Македонија, помеѓу КК Баскет Кам и КК Соколи од Штип, главен конкурент на скопски Вардар во борбата за првото место на табелата.
Во недела, со почеток од 13:00 часот, истовремено се играат два натпревари од женските прволигашки натпреварувања во фудбал и кошарка.
Девојките од ЖФК Каменица САСА ја пречекуваат ЖФК Речица на градскиот стадион во Македонска Каменица.
Во исто време, ЖКК Баскет Кам во Спортската сала во Македонска Каменица е домаќин на ЖКК Крива Паланка. ЖКК Баскет Кам е лидер на табелата во Првата женска кошаркарска лига на Македонија.
Почетокот на натпреварот е во 13:00 часот. Претходно на истиот терен, младинските екипи на ЖКК Баскет Кам во (М16) и (М18) конкуренција, со почеток од 11:00 часот, ги пречекуваат соодветните екипи на Ринија од Куманово.
Викенд кој ветува многу возбудувања за каменичката публика на трибините и воопшто за љубителите на фудбалот и кошарката од Македонска Каменица. Се надеваме на многу успех и победа во сите натпревари на нашите клубови!
По добивањето на термините од останатите натпревари, истите ќе бидат дополнително објавени.
#КаменицаУбавГрад