Ацо Стојков потпиша за Осогово, големо засилување за тимот од Кочани

Поранешниот македонски репрезентативец, Ацо Стојков стави потпис на договор со Осогово

Ацо Стојков кој беше во потрага по нов клуб, го засили Осогово. Тој треба да главниот фудбалер на кочанскиот тим за остварување на целта, да се остане во втората фудбалска лига.

По трите порази на стартот на сезоната, раководството на Осогово мораше да реагира и донесе играч кој треба да го внесе потребното искуство во тимот кое недостасуваше.

Следниот натпревар на Осогово е во недела кога му гостуваат на Кит-Го во Пехчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *