Аце од Делчево има потреба од донации. Редок тип дијабет му го загрозува животот.

Очајно и соочено со безизлез, семејството Трајановски од Делчево бара помош од хуманите за лекување на 36-годишнот син Аце, кој има редок тип дијабет и компликации кои му го загрозуваат животот. Аце кој три години се бори со високото ниво на шеќер во крвта, ја отвори душата пред ТВ Стар и раскажа како го живее својот млад живот со шеќер над 20.

Тоа е тип на дијабет модифициран и го има 0,03% од популацијата, а во Македонија и на Балканот изгледа го имам само јас, изјави Аце Трајановски. Типот дијабет кој го има не се регулира, па полека му ги нагризува органите.Деновиве чека операција на урологија со дијагноза фимоза.

Кај мене шеќерот е секогаш над 20, органите почнаа да ми откажуваат, видот почна д ами откажува, забите ги извадов, немаме средства веќе ни за по болници ни за нигде…, продолжи Аце. Анализи вршел и во германски институт кои го потврдиле дијабетот, но му препорачале лекување во западните земји кои имаат посовремени третмани за дијабет што за него е невозможна мисија. Во семејството, единствен приход е работничката плата на таткото.

Тешко се живее, што се вели никако. Овие три четири години сме истоштени, нема начин вече како да се тера. Кој може, ако може некој да помогне. Инаку, јас неможам да му помогнам, Љубен Трајановски.

Овие луѓе неколку пати се обратиле з а помош до институциите, но се одбиени. Единствена надеж за да ја продолжат борбата со болеста и да го продолжат животот на Аце е хуманоста и средствата кои ги очекуваат на име Љубен Трајановски, 300007046967004, Комерцијална банка. Повторно во Делчево, хуманоста е на испит.

Извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *