Африканската чума ќе им пресуди на „селските“ прасиња. Сите одат во кланица

Африканската чума им пресуди на „селските“ прасиња. Од денес сите  одат во кланица. Кланичарите денеска во Агенцијата за храна и ветеринарство ги потпишаа договорите според кои ќе треба да ги откупат сите 20.000 прасиња во селските домаќинства, односно оние кои не се одгледуваат организирано и контролирано во фармите:

„Колењето ќе се врши во регистрирани кланични капацитети каде што истите ќе бидат обештетени односно ќе им се плати 3.000 денари надомест. Се работи за активност која мора да се спроведе, овде нема категории туку број на грла кој ги има сопственикот“ изјави д-р Крсто Митев, лекар по ветеринарна медицина

Ова е една од мерките со кои државата се обидува да ги заштити организираните фармери од појава на свинска чума. Болеста , која е веќе присутна во сите земји од соседството, е исклучително опасна и лено пренослива:

„Се работи за вирус за кој нема вакцина а симптомите кој се јавуваат кај животните се температура, намален апетит , црвенило на абдоменот. Од оваа болест не заболуваат луѓето туку дивите животни“ изјави д-р Крсто Митев, лекар по ветеринарна медицина

Инаку, доколку африканската , односно свинска чума се прошири и кај нас, тоа би значело крај за свињарството и егзистенцијата на околу 10.000 работници:

„Прво уништување на свињарството во Македонија. Ние проценуваме дека има околу 300.000 свињи кои ќе бидат уништени, потоа да бидат уништени преработувачките капацитети“  изјави Ефтим Шаклев, одгледувач на свињи

Африканската чума веќе од поодамна е присутна во Бугарија, но таа за нас стана голема закана откако болеста беше потврдена кај дива свиња во Ќустендил, на само неколку километри од македонската граница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *